Ќе се реконструира археолошкиот локалитет Хераклеа
30.07.2020 13:46
Проектот се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка со Албанија, со вкупен буџет од 704 илјади евра, од кои ЕУ обезбеди 600 илјади...

Отпочнува реконструкцијата на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“. Како што соопшти делегацијата на Европската унија во земјава, проектот се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка со Албанија, со вкупен буџет од 704 илјади евра, од кои ЕУ обезбеди 600 илјади.
Проектот предвидува реконструкција на археолошкиот локалитет со цел да се зачува за идните генерации, но и да се зголеми неговата пристапност, да се збогати содржински и да привлече повеќе посетители.
