„Соба со пијано“ на Софискиот филмски фестивал

12.03.2014 14:06

Филмот „Соба со пијано“, по Белград продолжува да се прикажува во Софија.

Во кино салата Одеон,  вчера премиерно беше прикажан на 18. издание на интернационално признатиот Филмски фестивал во Софија.

Филмот, со уште девет други наслови од регионот кои ја сочинуваат програмата Balkans Competition, се натпреаврува за една од фестивалските награди. Филмот ќе биде прикажан и денеска во киното Лумиер.

Скопје Филм Студио информира дека прикажувањето на „Соба со пијано“ било најавено во голем број од бугарските медиуми.

„Соба со пијано“ е вториот игран филм на македонскиот режисер Игор Иванов Изи, во продукција на Скопје Филм Студио. Во филмот играат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Светозар Цветковиќ, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ...