Финансии

Се заокружува финансирањето за изградба на комплексот „Ист гејт“

30.07.2020 14:02

Се заокружува финансирањето за изградба на комплексот „Ист гејт“ што ќе биде готов до есен идната година. Се очекува да донесе повеќе од 2.500 нови вработувања. Потпишан е договорот со пет банки, три домашни и две странски, инвестиција вредна 72 милионa евра...

Банките го одврзаа ќесето. Во услови на криза потпишан договор за најголемиот заем во земјава вреден 72 милионa евра. Со него се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „Ист гејт“. Средствата ги обезбедуваат пет банки, три домашни, две странски.

Трговскиот центар „Ист гејт“ ќе биде готов до есен следната година. Се очекува да донесе повеќе од 2.500 вработувања и брендови кои не се присутни кај нас. Зад градежниот проект стои инвестиција од 103 милиони евра.

Повеќенаменскиот комплекс вклучува станбени згради и деловен простор. Се гради на површина од 500 илјади метри квадратни.

 

Сунчица Николоска