МВР
Регистрирани 333 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице
31.07.2020 10:33
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите...

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 333 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
