РКЕ денеска треба да ги соопшти новите цени на струјата и парното
Претседателот на комисијата Марко Бислимоски неодамна изјави дека ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО побарале зголемување на цената поради раст на трошоците, но и намалената потрошувачка на струја.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на електричната енергија и на парното. Регулаторите ги прават финалните пресметки, а за основа ги користат поднесените трошковници на енергетските компании.
Претседателот на комисијата Марко Бислимоски неодамна изјави дека ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО побарале зголемување на цената поради раст на трошоците, но и намалената потрошувачка на струја.
Во предлог- одлуката комисијата предлага цената на електричната енергија за домаќинствата да изнесува 5,95 денари за киловатчас во скапа тарифа, односно 2,99 денари во евтината.
ЕВН- Хоум за 2020-та , предлага маржата да изнесува 11,5% согласно тендерската постапка за избор на универзален снабдувач.
