Ирска: Рекорден број новозаразени за еден ден

31.07.2020 11:07

Бројките покажуваат колку брзо Ковид-19 може повторно да се појави во некоја земја. Властите потенцираа дека е од големо значење луѓето да продолжат да избегнуваат масовни собирања, да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и редовно да мијат раце, бидејќи никој не е имун на вирусот и треба да се биде внимателен.

Во Ирска во последните 24 часа биле регистрирани 85 заразени лица со коронавирус, што е рекорден број уште од 22 мај. Од почетокот на епидемијата во земјата се потврдени 26.027 заразени случаи и 1.763 починати.

Бројките покажуваат колку брзо Ковид-19 може повторно да се појави во некоја земја. Властите потенцираа дека е од големо значење луѓето да продолжат да избегнуваат масовни собирања, да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и редовно да мијат раце, бидејќи никој не е имун на вирусот и треба да се биде внимателен.

Главниот ирски епидемиолог посочи дека Ирска за само два дена од релативно стабилна епидемиолошка ситуација забележала значаен број заразени лица.