Царовска: Ќе има санкции за компаниите, се разгледуваат правните можности

31.07.2020 12:19

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците. Според податоците, 708 компании во април и мај земале околу 385.000 евра државна помош преку мерките за финансиска поддршка за надминување на економските последици од Ковид-19...

Компаниите кои земале субвенции за плати итно да ги исплатат парите на работниците, порача вицепремиерката за економски прашања Царовска. Вели дека се разгледуваат правните можности за да се санкционираат фирмите кои не ја исполниле обврската. Според податоците, 708 компании во април и мај земале околу 385.000 евра државна помош преку мерките за финансиска поддршка за надминување на економските последици од Ковид-19. Од Владата претходно најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одговорност.

А во индустриската зона во Бунарџик компаниите работат со полн капацитет, производството се одвива континуирано. Корона кризата не се одрази на растот на италијанската компанија „Витек“, вели првиот човек на ТИРЗ. Се планираат нови 100 вработувања.

Според директорот на ТИРЗ, извозот од зоните расте и заклучно со јуни изнесува 820 милиони евра. Младеновски посочува дека се инвестира во внатрешната инфраструктура во зоните низ целата земја.

 

Дијана Ценевска