Подвижни аптеки- нов проект на Министерството за здравство

12.03.2014 14:23

На пациентите што имаат проблем за набавување лекови поради оддалеченост, особено старите и изнемоштени лица, ќе им се олесне земањето терапија за хронични или акутни заболувања...

266.000 жители во 1.400 оддалечени населени места под 1.000 жители ќе имаат пристап до лекови преку подвижни аптеки што ќе ги посетуваат 2 до 3 пати месечно.

Ова е новиот проект на Министерството за здравство кој треба да започне кон крајот на летото.

За овие 3 до 4 месеци ќе трае процедурата за издавање на 24 лиценци за подвижните аптеки кои ќе склучуваат договори со Фондот за здравство со посебен надоместок на трошоците.

На овој начин пациентите што имаат проблем за набавување лекови поради оддалеченост, особено старите и изнемоштени лица, ќе им се олесне земањето терапија за хронични или акутни заболувања.

Овој проект ќе функционира заедно со проектот „Рурален доктор“.

 

Соња Стојановска