САД

Отфрлена идејата на Трамп за одлагање на изборите

31.07.2020 12:22

И Демократите и Републиканците ја отфрлија идејата, со образложение дека никогаш во историјата на земјата, немале избори одржани не навреме и додавајќи дека ќе се најде начин тоа повторно да се случи на 3 ноември.

Републиканците и демократите во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за можно одлагање на претседателските избори на 3-ти ноември поради стравувања дека гласањето по пошта ќе резултира со измама и неточни резултати.

И Демократите и Републиканците ја отфрлија идејата, со образложение дека никогаш во историјата на земјата, немале избори одржани не навреме и додавајќи дека ќе се најде начин тоа повторно да се случи на 3 ноември.

Трамп, пак, негираше дека барал одложување на изборите.