Зголемен број на сообраќајни несреќи, високите температури влијаат на учесниците во сообраќајот
Високите температури влијаат на учесниците во сообраќајот, велат од Итната медицинска помош. Зголемен е бројот на сообраќајни несреќи. Забележани се и колабирања на отворено. Лекарите препорачуваат- особено треба да внимаваат хронично болните, бремените жени и повозрасните граѓани...

Зголемен број сообраќајни незгоди во изминатото денонoќие. Македонија е во жолта фаза. Од Итната медицинска помош велат дека учесниците во сообраќајот лесно губат концентрација поради високите температури.
Ноќта во Итната помош се јавиле најмногу граѓани со хронични болести. Забележани се и колабирања на отворено. Доктор Карамановски вели дека особено треба да внимаваат бремените жени и повозрасните граѓани. Да не излегуваат ако нема итна потреба.
Граѓаните велат дека температурите од 40 степени ги парализираат, а особено се чувствуваат овие два дена кога Македонија дише во алертна фаза, но препораките мора да се почитуваат.
Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите мерки за заштита од високи температури зошто земјава од вчера е со екстремно високи температури. Да се остане повеќе во затворени климатизирани простории, а ако е неопходно да се престојува на отворено, да се носи светла и лесна облека и да се пие многу вода. Да се внимава при влегување во возило и да се почека одреден период за да се проветри.
Александра Спировска
