Груевски: Владата им помага на Ромите за поквалитетен живот
Последниве години повеќе од 2.000 Роми тргнале во градинка, а повеќе од 85 проценти од нив го продолжиле образованието. Ова е еден од многуте сегменти во процесот на вклучување на ромите во општеството.

Вработувањето, домувањето, образованието и здравството се четирите полиња во кои Ромите се соочуваат со големи предизвици, порача премиерот Никола Груевски на Петтата конференција посветена на Ромите и Ромите бегалци што денеска се одржува во Владата.
„На планот на вработувањето Ромите добиваат поддршка во повеќе програми за инклузивен раст како што се програмите за самовработување, за субвенционирање при вработување, за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште, за организирање јавни работи,... како и повеќе други чии мерки и ефекти во изминатиот период помогнаа за вработување на голем број ромски граѓани“, рече премиерот Груевски.
