Корона- криза

Потребни се мерки кои на долг рок ќе ги заштитат работниците и посиромашните граѓани

03.08.2020 14:57

Антикризните мерки се резултат на коронакризата со галопирачки раст на јавниот долг во БДП, оценуваат експертите. Земјава мораше да позајмува, што доведе до краткоророчни позитивни ефекти, но на подолг рок се потребни мерки со кои директно ќе бидат заштитени работниците и посиромашните граѓани...

Куповната моќ се намалува, бројот на невработените се зголемува, а забележан е раст и на кредитите. Расте и јавниот долг во бруто домашниот производ. Економските аналитичари велат дека според анализите Ковид кризата се чувствува и врз економијата. Посочуваат дека досегашните мерки на Владата ги постигнаа ефектите, но велат на подолг рок потребни се мерки со кои директно ќе бидат заштитени работниците и посиромашните граѓани.

Според Министерството за финансии заклучно со вториот квартал од годинава јавниот долг достигнал 59, насто од БДП. Според Јовановиќ оправдан е растот на јавниот долг, поради обезбедување средства за спроведување на анти-кризните мерки.

До крајот на годината, поголемо повлекување ќе се случи со првата транша од заемот за макрофинансиска помош од Европската комисија во износ од 80 милиони евра. Поголема отплата е наменета на Еврообврзницата земена во 2015 година, главнина за заемот од Дојче банка во износ од 13,5 милиони евра и краткорочниот заем од домашните комерцијални банки.

Дијана Ценевска