Ковид-19

Тимот на СЗО ја заврши мисијата во Кина

04.08.2020 10:45

Организацијата понатаму наведе дека се подготвува испраќање поголема група експерти во Вухан, областа од која епидемијата се прошири низ светот.

СЗО соопшти дека тимот за истражување на потеклото на епидемијата на коронавирусот ја завршил мисијата во Кина. Организацијата понатаму наведе дека се подготвува испраќање поголема група експерти во Вухан, областа од која епидемијата се прошири низ светот.

„Подготвителниот тим кој што ја заврши мисијата во Кина ќе биде темел за натамошните заеднички напори на утврдување на потеклото на вирусот. Епидемиолошките испитувања ќе почнат во Вухан за да се утврди можниот извор на инфекција на првите случаи“, изјави Тедрос Аданом Гебрејсус, генерален директор на СЗО.

Се претпоставува дека заразата потекнува од пазар во Вухан на кој се продаваат разни животни.