ОН: Пандемијата доведе до нарушување на образованието
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека пандемијата на коронавирус довела до најголемото нарушување на образованието во историјата во повеќе од 160 држави што ќе влијае врз повеќе од милијарда ученици.

Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца ширум светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година“. Предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децении напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости“.