Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско Езеро

04.08.2020 11:22

Настанот се случи завчера околу 18 часот во туристичката населба Претор, кога тројца другари изнајмиле педалинка, но набрзо едниот од нив потонал во езерото и не испливал на површина...

Рано утрината продолжи потрагата по 16-годишното момче од Ресен кое исчезна во водите на Преспанското Езеро. Потрагата од специјалците синоќа беше привремено прекината поради лоши временски услови.

Настанот се случи завчера околу 18 часот во туристичката населба Претор, кога тројца другари изнајмиле педалинка, но набрзо едниот од нив потонал во езерото и не испливал на површина.

Што точно се случило засега не се знае, но сопственикот кој ги издава педалинките, тврди дека момчињата скокале во вода.

Во полиција од страна на итната помош во неделата околу 18 часот и 18 минути било пријавено дека исчезнато е дете во водите на езерото на плажа во Претор.