Финансии

Раст на буџетските приходи за прв пат од почетокот на кризата

04.08.2020 11:32

Зголемувањето од 1,4% во однос на лани се должи пред сѐ на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци, што според ресорот за финансии укажува дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика.

Во јули е забележан прв месечен раст на приходите во државната каса од почетокот на кризата со Ковид- 19. Зголемувањето од 1,4% во однос на лани се должи пред сѐ на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци, што според ресорот за финансии укажува дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика.

Во јули биле вкупно наплатени приходи од 17,9 милијарди денари, од кои 10,2 се даночни што е за 1,7% помалку од лани. ДДВ-то за првпат од кризата бележи раст во однос на лани за 1,2%,по падот во јуни од 7,5, односно во мај и април за -33 ,односно -43,5%. Увозните давачки се зголемени за 18,3%, персоналецот за 0,4, додека помала наплата имало кај акцизите и данокот на добивка.

Според финансии, придонесите бележат раст од 8,6% во однос на истиот период лани, што е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Расходната страна со јули бележи раст од 11,6% на годишно ниво што се должи на преземените антикризни мерки, а е резултат на исплатата на повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршката за фирмите, за што беа наменети 6,9 милијарди денари. Раст има и кај капиталните расходи коишто се повисоки за 14,4% во однос на лани. Дефицитот со крајот на јули изнесува 4,76% од БДП и е во согласност со планираната динамика во ребалансот, соопшти Министерството за финансии.