САД

Трамп: Во Авганистан ќе останат околу 4.000 војници

04.08.2020 11:47

Изјавата доаѓа откако американскиот државен секретар Помпео рече дека Трамп очекува сите останати американски трупи да бидат повлечени од Авганистан до мај 2021 година.

САД наскоро ќе го намалат своето воено присуство во Авганистан на околу 4.000 војници, изјави американскиот претседател Трамп. Изјавата доаѓа откако американскиот државен секретар Помпео рече дека Трамп очекува сите останати американски трупи да бидат повлечени од Авганистан до мај 2021 година.

САД  и Талибанското движење потпишаа мировен договор во Доха, Катар, на 29 февруари, кој предвидува постепено повлекување на американските трупи. Како одговор, се очекува Талибанците да спречат Авганистан да стане безбедно засолниште за терористи во регионот.