Поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски, се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС

04.08.2020 12:36

Во велешкиот Основен суд ново рочиште за обвинетиот екс- претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски, за злоупотреба на АКМИС системот. Панчевски во судот се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС.

Горан Митев рече дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предметите, ако во моментот немало дежурен судија. На последното судење барањето на Панчевски за изземање на велешкиот суд не беше прифатено. Освен тоа, обвинетиот побара и судот да му ја укине мерката притвор, со образложение дека според Агенцијата за вработување се уште е вработен на функцијата судија во Кривичен и дека поради тоа има имунитет.

Судот не се произнесе по ова негово барање, бидејќи се водело жалбена постапка во Апелација.