СЗО: Русија да ги следи насоките за вакцините
Светската здравствена организација бара Русија да ги следи меѓународните насоки за производство на вакцината против Ковид-19. Оваа земја изјави дека ќе почне да го вакцинира населението во октомври.

Светската здравствена организација бара Русија да ги следи меѓународните насоки за производство на вакцината против Ковид-19. Оваа земја изјави дека ќе почне да го вакцинира населението во октомври.
„Први на листата се лекарите и професорите“, соопштија од руското министерство за здравство.
Во трка за успешен лек е и американската компанија за биотехнологија „Новавакс“ од каде што тврдат дека нивната експериментална вакцина била безбедна и произвела антитела.
Повеќето земји веќе се подготвуваат за можен есенски бран од коронавирусот. Рестриктивните мерки и натаму се спроведуваат делумно или селективно во поголемиот дел од светот.
