МНР: Досега нема информации за засегнати наши граѓани во експлозијата во Бејрут

05.08.2020 13:07

На сите што им е потребна асистенција може да се јават на телефонот 075 273 732 во МНР или во конзуларните претставништва во Анкара, Истанбул, Доха и Абу Даби.

Нема пристигнати информации за евентуално засегнати наши граѓани во експлозијата во Бејрут- информираат од Министерството за надворешни работи. Велат дека досега ниту еден не побарал помош преку дипломатските канали.

На сите што им е потребна асистенција може да се јават на телефонот 075 273 732 во МНР или во конзуларните претставништва во Анкара, Истанбул, Доха и Абу Даби.