Три ипол години затворска казна за Владимир Панчевски
Три ипол години затвор, неправосилна пресуда за екс-претседателот на Кривичниот суд, Панчевски. Пресудата, доцна синоќа, по 12-часовното траење на рочиштето беше изречена од судијката Валентина Ѓеоргиевска, од велешкиот Основен суд. Казната треба да ја потврди Апелација. Панчевски е обвинет за злоупотреба на службената положба. Со писмен параф и усно задолжување на вработените во судската писарница давал наредби за распределба на конкретни предмети меѓу судиите...

Три години и шест месеци затвор за поранашниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, изрече судијката Валентина Ѓоргиевска во Основниот суд Велес и го прогласи виновен за стореното кривично дело, злоупотреба на службена должност.
Обвнителката Цветанка Богоевска, во завршните зборови рече дека Панчевски директно влијаел на рачна распределба на предметите наместо електронски преку АКМИС системот. Во своите завршни зборови, обвинетиот изјави дека ова е политички монтиран случај којшто го најавила претходната министерка за правда, Рената Дескоска. Одбраната пак, вели дека правдата ќе ја бараат на Апелационен суд.
Повеќе од една година траеше судскиот процес, а бидејки Панчевски не се појавуваше на рочиштата, му беше изречена мерката притвор. Во Шутка се пријави сам. Како притворски предмет, се судеше во четири рочишта. Последното беше најдолго и траеше 10 часа.
Памела Цилаков
