МВР се подготвува за избори
Полициските службеници кои ќе бидат ангажирани на претстојните претседателски и парламентарни избори мора да се однесуваат чесно, професионално и објективно. Да постапуваат одговорно и совесно со почитување на прописите и стандардите за работа...

Полицајците не смеат да бидат во функција на ниедна партија. Ќе треба да се воздржуваат од провокации за да не го уриваат угледот на службата. Кога ќе гласаат, не смеат да носат униформа. Министерството најавува дека ќе ги следи во чекор дури и кога се цивили.
Вработените во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на денот на изборите ќе бидат распоредени во сите сектори за внатрешни работи.За секое примено известување за незаконско и непрофесионално постапување на припадник во МВР, Секторот веднаш ќе преземе најригорозни мерки, најави помошник-министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди, Анета Станчевска.
Праксата покажала дека од избори до избори полицајците го подобриле однесувањето. Надминати се конфликтите и инцидентите во кои беа вклучени.
Очекуваме дека сите ќе бидат достојни на доверените задачи и дека ќе дадат сопствен придонес за одржување слободни, фер и демократски избори рече министерката за внатрешни работиГордана Јанкулоска.
Прирачникот со упатства како да постапуваат полицајците пред и за време на изборите е изготвен според новиот изборен законик.Со обуката се опфатени над 7 илјади службеници.
Наташа Гркова- Петрушевска
