УХМР: Нема опасност од излевање на поголемите реки, внимателност при движење покрај помалите
Изобилните врнежи со силен ветер и грмотевици ќе продолжат во текот на денот и ќе се прошируваат низ целата територија на земјава. Од Управата за хидрометеоролошки работи, велат дека на места ќе наврнат и до 30 литри на квадратен метар. Дождот ќе го зголеми водостојот на реките, но не постои опасност од излевања, особено не на поголемите- велат метеорологот Секирарски и хидрологот Угрински...

Нема опасност од излевање на поголемите реки, но предупредување има за внимателност при движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, велат од
Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето проследено со дожд, што ја зафати земјава, велат ќе трае до крајот на неделава.
Синоптичарите прогнозираат да падне над 30 литри дожд на квадратен метар. Денеска по трет пат, ова лето се излеа реката во Неготино.
Според податоците на УХМР нивото на реките за месец јули било под просекот. Водостојот на реките Треска, Црн Дрим и Црна бил речиси за три пати намален.
Метеоролозите информираат дека нестабилното време ќе услови и пад на температурата до 29 степени.
УХМР претходно даде предупредување за невремето од вчера, кое беше проследено со врнежи, грмотевици и град.
Дијана Ценевска
