ЈАПОНИЈА

Годишнина од нападите врз Хирошима и Нагасаки

05.08.2020 14:31

Нападот врз Хирошима на 6-ти август усмрти 140 илјади луѓе. Три дена подоцна, бомбата која падна во Нагасаки уби уште 70 илјади. Јапонија се предаде и со тоа заврши Втората светска војна.

Пред 75 години Соединетите Американски Држави фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки по победата во Европа и поради неподготвеноста на Јапонија да се предаде.

Нападот врз Хирошима на 6-ти август усмрти 140 илјади луѓе. Три дена подоцна, бомбата која падна во Нагасаки уби уште 70 илјади. Јапонија се предаде и со тоа заврши Втората светска војна.

Во 1948 година, премиерот Хидеки Тоџо и други јапонски лидери од оваа ера беа осудени на смртна казна во трибуналот за воени злосторства.