Рано е да се оцени дали пресудата за Панчевски е почеток на системска борба во судството

05.08.2020 15:53

Експертите претпазливи во оценката дали пресудата за Панчевски е почеток на вистинско системско расчистување на судско- обвинителскиот двор...

Рано е да се оцени дали пресудата за Панчевски е почеток на вистинска системска борба со корупцијата и злоупотребите во судството. Универзитетскиот професор Калјаџиев за МТВ вели, допрва ќе се види дали елитите се подготвени да прекинат со неказнивоста на моќниците од тајните слоеви кои се во постојана спрега.

Новата законска регулатива им овозможува и на судиите јасен увид - дали некој предмет им припаѓал или не согласно системот. Доколку судиите прифаќале такви предмети и постапувале, тогаш одговорност треба да се бара и од нив, вели правниот експерт Цаца Николовска.

Порачуваат доколку е ова почетокот на расчистувањето со оние кои се огрешуваат наместо да ги спроведуваат законите, тогаш институциите треба да го прошират својот таргет на полициските, политичките и обвинителските кругови и да покажат капацитет да казнуваат без да прават селекција.

 

Фиљана Кока