Авто- стоп до Охрид во време на корона
Две другарки, Полјакиња и Чехиња авто- стоп пропатуваа осум балкански земји. Дваесет и тригодишните Оливија и Јана патуваат речиси еден месец. Тргнале од Австрија, потоа Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна, Србија, Македонија и Албанија.

Две другарки, Полјакиња и Чехиња авто- стоп пропатуваа осум балкански земји. Дваесет и тригодишните Оливија и Јана патуваат речиси еден месец. Тргнале од Австрија, потоа Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна, Србија, Македонија и Албанија.
Оливија е туристички водич од Полска, изминатите три лета патуваше во Охрид со бројни туристи. Ја знае историјата, културата, традицијата, но поради пандемијата оваа сезона не работи, па затоа одлучи да ужива во една незаборавна авантура.
„Ја сакам Македонија поради културата, храната и многу дружељубивите луѓе, охридските бисери кои се ендемични и единствени во светот. Идната година се надевам по завршување на пандемијата да бидам повторно во Албанија во Драч и два пати неделно ќе имаме екскурзии за полските гости да видат колку е убав Охрид“, вели Оливија Лушак, туристички водич од Полска.
Храбрите девојки минаа 20 илјади километри, стопирајќи патувале со комбиња, автомобили, камиони, автобуси и немале никакви проблеми по границите. Велат не се плашат од корона вирусот, во нивната филмска авантура спијат во шатор, логоруваат, се забавуваат и запознаваат нови пријатели.
„Ова е едно од најубавите искуства во мојот живот. Секоја земја има нешто посебно, патувајќи авто- стоп имавме прилика да запознаеме различни локални луѓе, кои ни раскажуваа за своите земји. Во Охрид многу ми се допаѓаат луѓето, природата, волшебното езеро, навистина е прекрасно“, вели Јана Хофманова од Чешка.
Со ранците на рамо, на овие девојки автопатот им е најдобар пријател. Охрид им е претпоследната дестинација, од тука заминуваат за Драч, Албанија, а потоа со авион ќе се вратат дома.
Соња Рилковска
