Политика

Заев на средби со Ахмети и Села

05.08.2020 16:33

Лидерот на СДСМ разговарал со челниците на ДУИ и на Алијанса. Контакти има и на ниво на работни групи и партиски претставници. Мицкоски со нови детали од тврдењата дека имало обиди за поткуп на пратеници од неговата партија...

Без многу детали од политичките табори за преговорите за коалицирање и составување на нова влада. Разговорите се водат, за конкретен резултат партиите не зборуваат. Досега се знае дека Тачи уште му подаде рака на Заев за коалицирање, но деталите не се договорени.

Социјалдемократите брифираат дека Заев веќе остварил средби и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Зела и со челникот на Алтернатива, Африм Гаши. Во тек се консултации од различен формат и веќе течат разговори, врз основа на принципи. Освен на ниво на претседатели, разговараат и работни групи, членови на раководствата на партиите, вели истиот извор. Додава дека целта е нов четиригодишен полн мандат и стабилно мнозинство.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски останува воздржан. Ќе се обиде да состави мнозинство, но не по секоја цена, вели ќе се бори и како опозиција. Изнесе нови детали за неговите тврдења дека спротивниот табор се обидува да поткупува пратеници на ВМРО- ДПМНЕ.

Иако Заев и Ахмети си разменија остра реторика, денешните контакти отвораат простор за соработка. Алијансата на Албанците со Алтернатива од претходно изјавија дека остануваат отворени за разговор со двете страни од македонскиот блок. Заев најави дека за максимум 15 дена работите ќе бидат многу појасни.

 

Миле Ристески