Евтини авиобилети и владини субвенции

Двојно зголемена фреквенцијата на авиосообраќајот

12.03.2014 16:29

Дваесетина евра во просек чини авиобилетот до неколку европски дестинации со кои е поврзан скопскиот „Александар Велики“...

Ниските цени на нискобуџетските авиокомпании  и европскиот лик на македонските аеродроми за пет години го раздвижија ависообраќајот за повеќе од четириестина насто. Од Скопје преку Венеција до Париз, кон Копенхаген со прошетка низ Малме и повторно до дома. Рано резервирање на четири билети може да  чини само 150-тина евра. Поволности што ги отворија европските врати за многу граѓани.   

Граѓаните велат дека се почесто патуваат.

Три години по ред авиособраќајот расте за десетина насто, наспроти европскиот просек од пет проценти. Бројот на патници  е зголемен за 44 проценти. Во 2010-тата терминалот го минале 681 илјада патници , лани за 300 илјади повеке. Квалитетот на услугите е на повисоко ниво. Инвестициите на ТАВ и владините политики за субвенционирање нискотарифни летови и патници го стимулираа и развојот на туризмот.

„Во 2010-та кога ТАВ влезе во Македонија, бројот на патници беше 681 илјада, а сега е над 980 илјади, што е зголемување за над 44 проецнти. Ваквата политика на Владата  со субвенционирање ги поттикна развојот на авиосообраќајот и желбата за патување, а особено е добра за развојот на туризмот особено во летниот период“, вели Зоран Крстевски – генерален директор на ТАВ Македонија

Истанбул, Цирих, Виена, Лондон, Малме. Хит дестинации за патниците од македонските аеродроми.Со три нискобуџетски компанииевтино се лета кон тринаесет дестинации.

Од македонските аеродроми директно се лета кон 26 дестинации. На мапата од април ќе се најдат и Париз, Рим, Франкфурт, Келн и Брисел.

Во просек за 25 евра ќе се лета кон овие дестинации. 37 насто од вкупниот број патници лани ги користеле услугите на нискобуџетската Виз Ер, која со владините субвенции опслужува шест дестинации по ниски цени и  воздухопловна флота вредна над 160 милиони евра. Скопскиот аеродром е со тенденција да прерасне во регионален, да привлече патници и од соседните земји.

 

Сузана Фиданска- Стоевска