„Велес низ старите фотографи“ изложба во рамки на Велешкото културно лето
„Велес низ старите фотографии“ е изложбата која поради преголемата посетеност, по втор пат после 2011 година е преставена пред велешани. Ова е прва изложба за време на пандемијата во Ликовниот салон, како дел од програмата на „Велешко културно лето“. Автори на делото се Марин Клифов и Павлина Василева. Посетителите велат дека им недоставувале изложбите во градот, а оваа изложба им е посебно драга бидејки секој велешанец треба да знае како изгледал неговиот град во минатото...

Историјата на градот Велес, неговата препознатлива и автентична архитектура преку објективот од минатото, низ 158 фотографии авторите Марин Клифов и Павлина Василева ја преставија изложбата „Велес низ старите фотографи“, која се отвори во Ликовниот салон во рамки на Велешко културно лето. „Оваа изложба за прв пат беше преставена пред публиакта во 2011 година, но поради големиот интерес, одлучивме повторно да ја поставиме“, вели Клифов.
Посетителите и љубителите на старата фотографија велат дека оваа изложба ги потсека на минатото како и дека секој велешанец треба да знае како изгледал неговиот роден град.
Оваа изложба е прва во време на пандемија. Настанот беше реализиран согласно мерките и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести со задолжително почитување на мерките за заштита од Ковид- 19.
Памела Цилаков
