Уапсено семејство криминалци во Куманово

12.03.2014 16:38

Осум браќа и пет нивни роднини од кумановско Романовце, завршија во затвор поради трговија со дрога и оружје, изнуда, лихвасртво и злосторничко здружување.

Кримниланата група од 2004 -та година оперирала по Куманово и се стекнала со многу имот и нелегално заработени пари.Полицијата при претресот собра доказен материјал како што се лихварски договори и банкарски изводи кои ќе се искорисат за понатамашона истрага.

„Обезбедени се изводи од банки, односно трансфери на пари од странство во Република Македонија и продолжуваме да работиме во координација со надлежниот Јавен обвинител за целосно  расчистување и документирање на случајот“- изјави Иво Котевски-портпарол на МВР.

Акцијата се вршеше под силно полициско обезбедување во населбата Тоде Мендол близу домот на одомничените. На распит се и други лица заради евентуална вмешаност во случајот.При споведувањето еден од осмоничените се обидел на избега , качувајќи се на покрив од куќата , но набргу бил совладан од полицијата.Жителите од оваа населба видно вознемирени.

„Видов имаше многу полиција, ама конкретно за што се работи не знам“, вели еден од граѓаните.

„Имаме слушнато дека направиле голем криминал, ама што и како за тоа не сакам да коментирам јавно“, додава друг жител на Тоде Мендов, меѓу кумановци позната како „Дива населба“.

Ова семејство во криминалот во Куманово зема замав по апсењето на Бајруш Сејдиу , вршејќи уцени врз фирми и поединци, а било поврзано и со синџир за продажба на хероин во Швајцарија. Од нелегално заработените пари спечалеле семејна куќа, пет стана, печатница, ресторан, деловни простории и дебели сметки во банка.

Полицијата вршеше истрага и во неколку нотарски канцеларии каде осомничените заверувале документи кои би можеле да посочат на криминални дејствија.

Габриела Димковиќ