Слаб интерес за одгледување говеда, јунешкото месо се увезува

06.08.2020 15:31

Едно известување во продавниците дека не може да се купи јунешко месо со картичка „Купувајте домашно“ бидејќи е увезено, нѐ поттикна да побараме одговор- зошто е тоа така. И поранешните и сегашните фармери имаат заеднички одговор- слаб е интересот за одгледување, бидејќи и откупната цена на млекото е ниска...

Ова отвора прашања: Имаме ли помалку говеда, па увезуваме и зошто? Говедското, односно јунешкото месо на пазарот е и поскапо од свинското, јагнешкото, пилешкото. Сегашните и поранешни фармери проблемот го детектираат главно во ниската откупна цена на млекото, непроменета дваесетина години.

Според Заводот за статистика само лани во споредба со 2018, бројот на говеда е намален за 15 насто.

За да има повеќе домашно, а не увезено е најавата дека до крајот на годинава во Прилепско ќе се отвори земјоделско-сточарски комплекс. Македонско-германската инвестиција од 4,5 милиона евра опфаќа годишен фонд од 1.000 грла. Можеби потоа ретко ќе наидеме на известување дека јунешкото е од увоз.

 

Елизабета Митреска