ЛИБАН

Антивладини протести во Бејрут, Макрон им вети помош

07.08.2020 10:45

Судири меѓу либанските демонстранти и полицијата во Бејрут по разорната експлозија. Се обидоа да стигнат до владиниот комплекс во центарот на престолнината. Ја обвинуваат политичката елита за корумпираност и несоодветно раководење на земјата...

Судири меѓу либанските демонстранти и полицијата во Бејрут. Револтираните граѓани се обидоа да стигнат до владиниот комплекс во центарот на престолнината, но полицијата им одговори со солзавец. Немирите следуваат по разорната експлозија во магацинот за пиротехника која усмрти нaд 130 луѓе. Многумина ја обвинуваат политичката елита за корумпираност и несоодветно раководење на земјата. Либанската амбасадорка во Јордан и уште еден пратеник дадоа оставка. Претходно, властите им одредија домашен притвор на раководителите на пристаништето каде што се случи катастрофата. За време на посетата на Бејрут, францускиот претседател Емануел Макрон се сретна со дел од демонстрантите и им вети помош.

Овие политичари не убиваат. Никој не ни помогна. Ни војската не презеде ништо. Заслужуваат смрт. Преземете го Либан. Добијте уште еден мандат и вратете го Либан.

Овде сум за да ви помогнам како народ, да ви донесам лекови, поддршка, храна и материјали за обнова. Ви гaрантирам дека оваа помош ќе биде транспарентна, ќе стигне на терен и ќе биде загарантирана, за да не заврши во рацете на корумпираните“, изјави Макрон.

Екипите остануваат на терен заедно со тимовите кои пристигнаа од неколку други земји. Поддршка добиваат и од волонтери и Обединетите нации.

Јас сум капетан на УНИФИЛ. Дојдов со другите експерти за да извршам проверка на штетата предизвикана од експлозијата. Со ова ќе можеме да и предложиме на владата да подготви конректни активности во здравството и обновата, а пред сè, да добиеме поддршка за реизградбата на пристаништето.

Со месеци оваа земја се соочува со економска криза којашто се продлабочи и поради пандемијата со Ковид-19.

 

Маја С. Филдишев