Нова влада

Партиите преговараат, роковите течат

07.08.2020 10:55

Остануваат уште седум дена до крајниот термин до кога претседателот на државата Пендаровски треба согласно закон да го додели мандатот на онаа партија или партии што ќе обезбедат парламентарно мнозинство од 61 пратеник...

Партиите преговараат, роковите за создавање нова влада течат. И СДСМ и вмро дпмне велат дека работат на создавање собраниско мнозинство од 61 пратеник.

ДУИ на одвоени разговори со двете политички партии. Детали не се објавуваат. За средбата Мицкоски-Ахмети во јавноста информации дека разговарале за можностите за заедничка соработка и формирање мнозинство. По разговорите Заев- Ахмети, оценките на сопартијците дека била конструктивна и надежна за успешен епилог. Нема ниту прецизен одговор за барањето на интегративците за премиер Албанец.

Остануваат уште седум дена до крајниот термин до кога претседателот на државата Пендаровски треба согласно закон да го додели мандатот на онаа партија или партии што ќе обезбедат парламентарно мнозинство од 61 пратеник, услов за формирање на новата влада.