Младите треба да ја креираат општинската политика

07.08.2020 13:42

Младите треба да се вклучат во креирањето на локалните политики, но тие не се доволно информирани, ниту, пак, нивните активности преку асоцијациите и здрженијата се финансираат од општинската буџетска каса. Ова е една од причините за нивното иселување, се вели во истражувањето Општините – пријатели на младите.

Младите не се информирани, ниту доволно вклучени во локалните политики, ниту се директно финансирани од локалниот буџет, констатираат од Младинскиот сојуз - Крушево. Преку проектот  - Општините -пријатели на младите ги истражуваа состојбите во Прилеп, Струга, Карпош и Кратово.

Иако ситуацијата е различна, генерално, младите не знаат што се случува во локалните самоуправи, а не се спроведува ниту новиот закон донесен во почетокот на годинава. Иеинформираноста и невклученоста, една од причините и за иселувањето.

Прилепските локални власти уверуваат дека дел од забелешките и препораките веќе ги имплементираат. препорачуваат младите да се информираат преку веб-општинската страница.

Ова е втора едиција од истражувањето. Прво беа опфатени Струмица, Крушево и општина Центар.

 

Елизабета Митреска