Народен правобранител: Образовните институции не беа целосно подготвени за далечинско учење
Народниот правобранител до Министерството за образование и наука достави мислење за условите на далечинско учење...

За време на траењето на он-лајн наставата, почнувајќи од средината на март, па сè до крајот на учебната година, училиштата и наставниците не добија унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата.
Народниот правобранител до Министерството за образование и наука достави мислење за условите на далечинско учење. Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, произлегува дека платформата Еду-Ино не беше системско решение кое беше обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик, се вели во дописот.
Според Народниот правобранител, учењето од дома и натаму ќе остане предизвик за родителите, особено за семејствата во социјален ризик кои имаат тешкотии со обезбедувањето на технички предуслови за следење на настава од далечина.
