„Меѓаши“: Он-лајн наставата најбезбедна во услови на Ковид-19

07.08.2020 14:48

Најбезбеден услов за образовниот процес во услови на Ковид-19 е он-лјан наставата, покажало истражувањето меѓу родителите спроведено од детската амбасада „Меѓаши“. Над половина се изјасниле за ваков вид на образование, но слична е и бројката на оние што имаат став за комбинирана настава. Сепак, сите се едногласни дека најважно е здравјето на децата...

Најбезбеден услов за образовниот процес во услови на ковид е онлјан наставата- покажало истражувањето на детската амбасада „Меѓаши“. Над половина од анктетираните родители се изјасниле за ваков вид на образование, но слична е и бројката на оние што имаат став за комбинирана настава. Сепак сите се едногласни дека најважно е здравјето на децата.

„Свесни се за важноста на физичкото присуство во училиштето и тие гледаат кај своите деца дека има последици кај децата и дека тоа не е заменливо, но, секогаш има едно но во моментов недвосмислено родителите истакнуваат дека здравјето е пред сѐ“, изјави Наташа Павиќевиќ- Стојменовска, детската амбасада „Меѓаши, истражувач.

Онлајн наставата кај некои деца предизвикала позитивни промени, се вклучиле во домашните активности, се посветиле на своето хоби и читање книги. Други родители, пак забележале дека децата станале депресивни, социјално изолирани или незаинтересирани.

„Ако се има добра воља може да се направи да биде комбинирано. Во зимскиот период он-лајн, а во есенскиот и пролетниот настава во природа на отворено со можност во училишниот двор да се изведуваат активности едноставно децата да си ги видат своите другарчиња и наставници“, изјави Драги Змијанац – претседател на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Физичкото присуство на децата во училиште е незаменливо – велат педијатрите. Според доктор Кимовска- Христов најприфатлива е комбинираната настава.

„Рачунајте дека 5 часа е со маска и до дома оди повторно со маска, колкав период детето е со маска, навистина се пореметува некој физиолошки процес на размена на гасовите. Не сум сигурна дека ќе може да се запази носењето на маски како дел од протоколот за заштита и не сум сигурна дека е доволно корисен кај помалите деца, затоа што тоа дете нема да знае кога треба да ја извади, а кога да ја стави маската“, смета д-р Мими Кимовска Христов, педијатар.

Дури 58 проценти од родителите рекле дека децата имале подобри оценки, но се стекнале со помалку знаење преку он- лајн наставта. Истражувањето го опфати мислењето на 1.003 испитаници, вклучени биле родители на деца од основно и средно образование.

 

Андријана Атанасовска