Последен рок фирмите да ги исплатат субвенционираните плати на своите вработени
07.08.2020 14:54
Од вкупно 570, обврската за намирување до вчера ја завршиле само 160 работодавачи.

Денеска е последниот рок фирмите кои ја затаија државна помош за да ги исплатат субвенционираните плати на своите вработени. Од вкупно 570, обврската за намирување до вчера ја завршиле само 160 работодавачи.
Тие ќе се спасат од одговорност, а другите кои незаконски постапиле ќе се најдат на листата што Генералниот секретаријат на Владата најави дека ќе ја поднесе в понеделник.
Последниот ажуриран список од Управата за јавни приходи од пред три дена брои 413 комапнии кои не исплатиле месечен надоместок со парите од државата.
