Се чека планот за учебната година
Епидемиолозите сметаат дека децата треба да се вратат во клупите, но во секое училиште да биде различно. Родителите, пак, се со поделени мислења...

Комисијата за заразни болести и Министерството за образование денеска треба да решат како ќе изгледа новата учебна година и во какви услови ќе има настава од први септември. Епидемиолозите сметаат дека децата треба да се вратат во клупите, но во секое училиште да биде различно. Родителите, пак, се со поделени мислења.
Се чека зелено светло за почнување со работа и на градинките. За нив утре треба да се прецизирааат деталите на состанокот на Комисијата за заразни болести. Протоколи за воспитно-образовните установи има уште од крајот на мај.Најверојатно и градинките ќе старуваат заедно со училиштата од септември.
