Заразени над 20 милиони со Ковид-19
Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, каде има по повеќе милиони заразени, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу...

Бројот на луѓе кои се заразени со Ковид-19 во светот надмина 20 милиони. Од почетокот на епидемијата починале над 730 илјади луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле. Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, каде има по повеќе милиони заразени, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.
Студентите во главниот град на Кина, Пекинг ќе се вратат во училиштата во серии за претстојниот есенски семестар, кој почнува кон крајот на август, бидејќи епидемијата на коронавирус се намали во градот.
Основните и средните училишта ќе ја почнат нова учебна година на три датуми: 29-ти август, 1-ви и 7-ми септември.
