На Пелистер пролетно скијачко сефте

12.03.2014 16:59

На прагот од пролета на Пелистер конечно скијање. Наврнатите 40-тина сантиметри снег и по 15 години ставањето во функција на ски-лифтот овозможија на повисоката делница од ски патеката „Копанки“ битолчани барем малку да ја заситат скијачката глад.

„Ме реадува што после толку години ски- лифтот е ставен во функција, стазата е одлична, снегот е малку мек, но сепак за сноубордирање и скијање е одличен“, вели Никола Ѓоргиев еден од доаените на битолското скијање.

„Оваа убавина не смее да се пропушти. Денес е посебно чувството сите што научија дека ски- лифтот работи се тука. Некои дури не отидоа на работа“, вели вљубеникот во Пелистер, Никола Митревски.

Сликата ќе беше поубава доколку доволно снег имаше и на патеката под жичарницата, но и овој обновен дел од ски центарот „Коппанки“ нуди дополнителни 600 метри за скијање и отсекогаш важел за најатрактивен.

„Изненаден сум, благодарение на лугето од хотелот „Молика“ кој грижливо го тапкаа секој помал врнеж од снег денес патеката има добра подлога“ вели Коста Петровски.

„Битолчани на скијање одат во сите ски центри, но најубаво се чувствуваат на Пелистер“ рече младата скијачка Бојана Котевска.

Од хотелот „Молика“ кој веќе 4-та година стопанисува со, ски- центарот велат дека ќе се користи секој ден.

Иако е работен ден на Пелистер има над стотина љубители на скијањето. Колку ќе трае ова долгоочекувано задоволство ќе зависи од температурата во следниве денови.

Доколку биде сојузник и не ја оштети патеката, во најава е дека викендов ќе се одржи и пелистерскиот велеслалом.

Стевче Митревски