Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила
10.08.2020 11:58
На 10 август 2001 година во вооружениот конфликт, воено товарно возило на Армијата на патот нагази на две противтенковски мини.

Денеска се навршуваат 19 години од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година во вооружениот конфликт, воено товарно возило на Армијата на патот нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од Гарнизонот- Скопје.
