МЕПСО: Споредувањето на цената на струјата со просечната плата е некоректно

10.08.2020 12:10

Тарифата за пренос на електрична енергија, како и секаде во земјите на ЕУ и земјите од соседството на годишно ниво ја утврдува надлежното регулаторно тело согласно усвоена методологија, а врз основа на барање на енергетските компаниии.

Споредувањето на цената на струјата со просечната плата е некоректно, велат од МЕПСО. Такви споредби се погрешни и водат кон погрешни заклучоци кои немаат економска логика туку оставаат впечаток дека критиката е неконструктивна, соопштуваат од компанијата по најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на тарифите на енергетските компании од кои произлегува цената на електричната енергија.

Тарифата за пренос на електрична енергија, како и секаде во земјите на ЕУ и земјите од соседството на годишно ниво ја утврдува надлежното регулаторно тело согласно усвоена методологија, а врз основа на барање на енергетските компаниии.

Со цел доверливо и непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија за сите потрошувачи, АД МЕПСО секоја година подготвува инвестициска и програма за одржување, каде што најдомаќински се планираат потребните инвестиции, велат од компанијата.