Нухиу ги потпишал актите, полициските униформи ќе добијат двојни натписи
„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, напиша Нухиу на социјалните мрежи.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик.
„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, напиша Нухиу на социјалните мрежи.
Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во скопје и општините каде живеат најмалку 20 насто од албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието.
