Во велешко големи штети од обилните врнежи

10.08.2020 13:40

51-годишниот Спасе Димовски е жртвата од невремето кое го зафати велешко. Го однела поројницата во село Белештевица, откако и помагал на екипата на ЕВН да се извлече од надојдената вода. Освен населбата Превалец, и во градот Велес поради врнежите улиците беа преполни со вода...

На земјоделците уништен складираниот род, на занетчиите работилниците. Ден по поплавата во Превалец ,сеуште видливе се штетите којшто  зад себе ги остави водената стихија од поројниците којшто се сливаа во оваа велешка населба.

Освен во Превалец слична е состојбата и во руралните средини на велешко.Од општината  велат дека надлежните служби веднаш излегле на терен и интервенирале.

Велес е Град кој е распространет на два рида,а нема соодветна атмносферска каналиација, па после секој обилен дожд улиците наликуваат на реки. Овој Деценискиот проблем предизвика изминатата недела револт кај велешани,а направи и материјални штети.

Ова невреме покрај материјалните штети со себе однесе и човечки живот, 51 годишниот Спасе Димовски по чие тело сеуште се трага и по четири дена.

Памела Цилаков