Комисијата за заразни боести без одлука за новата учебна година
Комисијата повторно ќе се состане утре. Конечниот збор ќе го има Министерството за образование.

Комисијата за заразни болести денеска без конкретна одлука, како ќе изгледа новата учебна година, и во какви услови ќе има настава од први септември. Повторно ќе се состане утре. Конечниот збор ќе го има Министерството за образование.
Епидемиолозите сметаат дека децата треба да се вратат во клупите, но во секое училиште да биде различно. Родителите пак, се со поделени мислења.
Се чека зелено светло за почнување со работа и на градинките. За нив, утре треба да се прецизирааат деталите на состанокот на Комисијата за заразни болести.
Протоколи за воспитно-образовните установи има уште од крајот на мај. Најверојатно и градинките ќе старуваат заедно со училиштата од септември.
