Одбележан Светскиот ден на бубрегот
7 до 10 насто од светската популација има некаков вид бубрежен проблем...

Бубрежните болести не се ретки. 7 до 10 насто од светската популација има некаков вид бубрежен проблем. Активностите на Здружението на нефролозите на Македонија особено се актуализираат во пресрет на Светскиот ден на бубрегот што се одбележува по деветти пат на крајот на март. Целта е да се сврти вниманието на јавноста и да се подигне свеста за честите бубрежни заболувања и за потребата за навремено откривање.
Директорот на Клиниката за нефрологија и претседател на здружението, професорот Александар Шиколе вели дека редовните контроли можат да придонесат ова заболување да се открие и навреме да се запре или прогресијатада биде бавна. Резулатот е да се избегне натамошната дијализа или евентуална трансплантација на бубрег.
Нефрологот Тилман Друке, соработник на здружението од Францијавели дека е многузадоволен што нефрологијата е на високо ниво во нашата земја,особено што тој и лично придонесува. Двајца нефролози веќе престојувале во неговата институција за изработка на научноистражувачки трудови.
Овогодишните заложби на здружението се да ги превенираат кардиоваскуларните болести кои настануваат поради нарушен метаболизам, особено чести кај пациентите со хронична бубрежна болест.
Во Македонија покрај трансплатација од жив сроден дарител,направена еи трансплатација од кадавер.
Сања Спиридонова
