Либан: Претседателот ја прифати оставката на Владата
Челниците биле предупредени дека постои опасност на пристаништето...

Претседателот на Либан, Мишел Аун ја прифатил оставката на Владата предводена од премиерот Хасан Дијаб поднесена под притисок на јавноста поради експлозијата на пристаништето во Бејрут.
За катастрофата во која има над 200 жртви ја обвини корумпираноста на земјата која се соочува со хуманитарни, социјални и економски последици.
Минатиот месец, безбедносните функционери го предупредиле државниот врв дека постои ризик на локацијата на која непрописно се чувале 2.750 тони амониум нитрат. Две недели по известувањето се случи експлозијата во која 110 лица и натаму се водат за исчезнати, а над 6.000 луѓе завршија со повреди.
Без дом останаа околу 300.000 жители на либанската престолнина. Штетата се проценува на околу 15 милијарди долари.
