Државата им помага на ромите за поквалитетен живот

12.03.2014 17:20

Минатата година 716 Роми добиле стипендии да го продолжат образованието, а 120 ментори им помагале на учениците Роми да ја совладаат материјата од учебниците. Над 2.000 Роми досега оделе во градинките, од нив 85 проценти го продолжиле образованието...

Родителите уште од дете ја терале да учи, оттаму желбата да се запише на факултет била сосема нормална, вели Сабина Љатиф која ќе стане доктор по дентална медицина. Стипендиите  за ромските ученици и помогнале да ги реализира плановите.

Минатата година 716 Роми добиле стипендии да го продолжат образованието, а 120 ментори им помагале на учениците Роми да ја совладаат материјата од учебниците. Над 2.000 Роми досега оделе во градинките, од нив 85 проценти го продолжиле образованието. 

„Воведовме серија акциски и оперативни планови и иницијативи и мерки, претежно концентрирани во четирите клучни области, вработување, домување, образование и здравство“, изјави премиерот Никола Груевски.

Посетата на ромските семејства преку програмата Здравствен меријатор е клучна за превенција и здравствена заштита. Лани  повеќе од 4000 Роми биле опфатени со оваа мерка. Се спроведуваат и програми за вработување.

„За работодавачите се обезбедува големо олеснување и поддршка за вработување млади лица до 29 години во приватниот сектор. Државата ги намали трошоците на работодавачите за ангажирање работен кадар“, нагласи Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика.

Една од мерките е и стимулирање на работодавачите за вработување на корисници на социјална помош. Државата обезбедува субвенција од 80 проценти од висината на социјалната парична помош.

Наташа Јанчиќ