Се разгледуваат протоколите за работа на градинките
Се очекува наскоро до Владата за одобрување да биде доставен финален предлог за тоа како би работеле детските градинки во услови на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека за денеска е закажан состанок со претставниците на Министерството за труд и социјална политика на кој треба да се разгледаат протоколите за работа на градинките.
Се очекува наскоро до Владата за одобрување да биде доставен финален предлог за тоа како би работеле детските градинки во услови на Ковид-19.
Владата на вчерашната седница ги усвои информацијата и планот за одржување на наставата во новата учебна година, изготвен од Министерството за образование и наука. Овие документи ќе се разговараат со Комисијата за заразни болести, по што ќе се донесе одлука за моделот за спроведување на наставниот процес.
Вчера закажаниот состанок меѓу Комисијата за заразни болести и Министерството за образование беше одложен. Граѓани преку петиција бараат наставата да се одвива по електронски пат. Засега, како што вели министерот Филипче, тоа е и планот, освен за првачињата.
