Пендаровски до Џафери: Собранието е конституирано
Претседателот Пендаровски смета дека Собранието е конституирано, за што е потребна верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор...

Претседателот Стево Пендаровски реагираше на тврдењата на Талат Џафери дека, ако го даде мандатот за фомирање влада до петок, ќе го прекрши Уставот и ќе предизвика институционална криза, затоа што не е избран претседател на Собранието на кој би му испратил известување за тоа.
Претседателот Пендаровски смета дека Собранието е конституирано, за што е потребна верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски ги разбира мотивите на претседавачот Џафери.
Претходно шефот на државата се консултирал со еминентни правни имиња и заклучокот бил јасен, а неговиот став го потврдува и досегашната политичка практика, соопшти неговиот Кабинет.
